• недела, 22 декември 2024

Трипуновски: Наменски огласи, редовни субвенции за сточарите, сточарството во Македонија ќе се врати

Трипуновски: Наменски огласи, редовни субвенции за сточарите, сточарството во Македонија ќе се врати

Скопје, 14 ноември 2024

„Македонија денеска има преку 100.000 крави помалку од тоа што некогаш имала. И тоа е поради тоа што велам дека имаме погрешно менаџирање изминатиот период“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во вчерашното гостување во емисијата  „Аргумент плус“ на ТВ24.

 

„За литар млеко предадено во откупен и преработувачки капацитет, задоцнувањето беше 18 месеци неисплатени субвенции. А, ние досега исплативме скоро за една година. Веќе наредниот период се подготвуваме и нови заостанати субвенции да исплатиме. И се со една цел да дојдеме до нула и да покажеме дека државата навистина се грижи за земјоделците“, појасни тој.

 

Министерот Трипуновски посочи дека треба да се размислува и на зголемување на сточарскиот фонд.

 

„Зголемувањето на сточарскиот фонд како ќе го постигнеме? Тоа не е едноставно мора да се нагласи. Потребни се наменски огласи за земјоделско земјиште за сточарите, секој кој што ќе сака да се занимава со сточарство или да го зголеми стадото мора да има земјиште. Инаку рентабилноста е на нула, или во тешка загуба, и тогаш немаме предвидливост на производството“, заклучи министерот.

 

„Наменски огласи, навремени субвенции, враќање во делот на категориите за субвенции како што е за женско теле кое што досега беа исклучени. Затоа што ако не го стимулирате некој да го остави подмладокот од кравата за да биде возрасна единка, немаме проширување на стадото“, појасни тој.

 

Министерот додаде дека потребно е и подржување на мерката за набавка на квалитетен генетски потенцијал во делот на сточарството за да се има зголемена продукција по адаптација.

 

„Тоа се сет на работи со кои што сакаме да дојдеме до ситуација кога во македонските маркети полиците ќе бидат исполнети со македонско млеко“, истакна тој.

Со почит,

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МЗШВ 

 

 

 

Остани поврзан