Трипуновски: Министерството заедно со земјоделските здруженија ги креира програмите за 2025 година
- Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска, на негова иницијатива, има работна средба со повеќе од 30 здруженија со цел да се разгледаат предлог-програмите за субвенционирање за 2025 година.
Скопје, 11 јануари 2025 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска, на негова иницијатива, има работна средба со повеќе од 30 здруженија со цел да се разгледаат предлог-програмите за субвенционирање за 2025 година.
Како што информира МЗШВ, на дневен ред на средбата се Програмата за директни плаќања и Програмата за рурален развој и дека во наредните денови состаноци „ќе има и со останатите чинители во земјоделскиот сектор“.
-Темата на овој состанок е заедно со земјоделските здруженија да креираме програми коишто ќе значат поттикнување и враќање на земјоделското производство во Република Македонија. Ќе работиме заедно за да донесеме програми што ќе значат развој на македонското земјоделство. Ова што го правиме како активност е отворање на вратите на Министерството во вистинска смисла на зборот, се со цел заеднички и партнерски да работиме во секторот, истакнува министерот Трипуновски. хс/цр
Фото: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство