• среда, 11 март 2026

Трипуновски: Исплатени околу 20 милиони евра поддршка за земјоделците од почетокот на 2026

Трипуновски: Исплатени околу 20 милиони евра поддршка за земјоделците од почетокот на 2026

Скопје, 11 март 2026 (МИА) – Oколу 20 милиони евра финансиска поддршка се исплатени кон земјоделците од моментот на усвојување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во гостување во емисијата „Топ тема“.

Тој посочи дека Министерството во изминатиот период одржало серија состаноци со речиси сите релевантни земјоделски здруженија, со цел заедничко креирање на мерките во годинешната програма.

- Првиот состанок беше одржан пред донесувањето на Програмата, кога ги слушнавме предлозите, идеите и сугестиите од здруженијата. Целта беше мерките да се креираат заеднички и да одговорат на реалните потреби на производителите, истакна Трипуновски.

Министерот нагласи дека во рамките на институцијата функционираат потсекторски групи за секој вид производство, во кои членуваат претставници од земјоделските здруженија, науката, бизнис-секторот и администрацијата.

По стапувањето во сила на Програмата, биле одржани и дополнителни состаноци на кои биле презентирани новините и измените во мерките. Трипуновски потенцира дека Министерството останува отворено за сите земјоделци и нивни претставници. бк/дма/

Фото: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Остани поврзан