• петок, 05 декември 2025

Тринаесет цивили загинаа во пакистанскиот дел на Кашмир во последните 12 часа

Тринаесет цивили загинаа во пакистанскиот дел на Кашмир во последните 12 часа

Исламабад, 10 мај 2025 (МИА) - Најмалку 13 цивили загинаа во пакистанскиот дел на Кашмир во последните 12 часа - до пладне денеска, соопшти агенцијата за управување со катастрофи во регионот, а поврзано со размената на оган меѓу Индија и Пакистан, по воените дејствија на Исламабад против Индија рано утрово.

Покрај загинатите, повеќе од 50 лица се повредени во регионот, соопштија властите.

Напнатоста меѓу Индија и Пакистан, кои управуваат со делови од Кашмир, ескалира по воздушниот удар на Индија врз „терористичка инфраструктура“ на пакистанска територија во средата. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан