• понеделник, 23 декември 2024

Триесет и една година од смртта на Дражен Петровиќ

Триесет и една година од смртта на Дражен Петровиќ

 

Скопје, 7 јуни 2024 (МИА) – Пред 31 година на денешен ден во сообраќајна несреќа на автопат во близина на германскиот град Инголштад загина еден од најдобрите светски кошаркари на сите времиња Дражен Петровиќ.

Роден на 22 октомври 1964 година во хрватскиот град Шибеник, кошаркарскиот Моцарт почина на 29 годишна возрат, на врвот на својата играчка кариера.

Дражен Петровиќ го одигра последниот натпревар против Словенија во квалификациите за Европското првенство во Вроцлав на 5 јуни 1993. Хрватската репрезентација се враќаше од Полска со авион, но Дражен тргна во автомобил со неговата девојка која управуваше со возилото.

Сениорското деби го имаше на 16 годишна возраст во дресот на Шибенка, а во кариерата подоцна настапуваше за Цибона, Реал Мадрид, Портланд и Њу Џерси.

Како член на југословенската и хрватската репрезентација Дражен Петровиќ освои сребро и бронза на Олимписките игри (1994, 1998), злато и бронза на светските првенства (1986, 1990), како и златен и бронзен медал на европските првенства (1987, 1989). ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан