• вторник, 24 декември 2024

Триесетгодишниот јубилеј на „Оро без граници“ ќе се заокружи со две фестивалски вечери

Триесетгодишниот јубилеј на „Оро без граници“ ќе се заокружи со две фестивалски вечери
Скопје, 15 август 2021 (МИА) - Со две фестивалски вечери, утре и задутре во Куршумли Ан ќе биде заокружен 30-годишниот јубилеј на фестивалот „Оро без граници“. Помеѓу активностите кои се најдоа на репертоарот на овогодинешниот фестивал се ликовниот конкурс на тема „Оро без граници – симбол на пријателство меѓу децата“, изложбата на фотографии на тема „Деца во традиционални носии минато – сегашност“, Ретроспективна фото галерија „Три децении Оро без граници“, проекција на интервју со основоположникот на фестивалот, Тофе Дракулевски, како и промоција на каталог посветен на „Оро без граници“. Фестивалот уште од самото формирање па сѐ до ден денес, е со ревијален карактер. Еден од главните и најсимболични моменти на фестивалот е дефилето на учесниците, кое се движи од Детскиот културен центар - Карпош до плоштадот во центарот на градот, каде се формира најголемото оро, оро кое не познава граници, оро кое е симбол на пријателство меѓу децата. Првиот фестивал „Оро без граници“ се реализира во 1991 година, и оттогаш повеќе од 80 држави учествуваат на истиот. Домаќини на фестивалот се Детскиот културен центар - Карпош со својот фолклорен ансамбл, поддржани од Град Скопје. ар/дма/  

Остани поврзан