• среда, 25 декември 2024

Тридневен меѓународен кошаркарски меморијален турнир во Гевгелија

Тридневен меѓународен кошаркарски меморијален турнир во Гевгелија
Гевгелија,15 јули 2022 (МИА) - Од денеска до недела спортската сала во Гевгелија ќе биде место за одигрување на натпреварите од првиот кошаркарски меморијал посветен на Боби Петковски, прерано починатиот тренер на младите категории играчи на КК „Кожуф“ од Гевгелија. На турнирот се поканети да учествуваат машките репрезентации на Северна Македонија, Бугарија, Грција и Црна Гора, составени од играчи до 18-годишна возраст, кои до недела ќе разигруваат меѓу себе. Попладнево, со почеток во 17 часот, турнирот го отвораат репрезентациите на Црна Гора и Бугарија, а во вечерниот термин од 19 часот се среќаваат Северна Македонија и Грција. Селекторот на нашата репрезентација Тони Симиќ, преку средбите од турнирот во Гевгелија ќе има можност да ја провери формата на играчите пред настапот на Европското првенство во Турција, кое ќе се одржи од 30 јули до 7 август во градот Измир. им/ар/

Остани поврзан