• понеделник, 25 ноември 2024

Трибина за тутунот во Прилеп: Откупната цена на тутунот мора да биде 10, а не 5 евра

Трибина за тутунот во Прилеп: Откупната цена на тутунот мора да биде 10, а не 5 евра

Прилеп, 2 декември 2023 (МИА) - Тутунот мора да се откупувапо 10, а не по 5 евра за килограм како што нудат откупувачите. Рапидно се зголемени трошоците, намалено е производство, иако е квалитетно, но мора да се постигне исплатливоста. И за тутунарите, и за откупувачите и за државата, беше констатирано на трибината во Прилеп за тутунопроизводството што ја организираше Националната земјоделска мрежа. Трибината на повеќе тутунарски здруженија од земјава се одржа во прилепската градска библиотека „Борка Талески“.

- Целта на оваа трибина беше да се собереме, да ја разгледаме актуелната ситуација со откупот на тутунот и да утврдиме заеднички став што понатаму. како национална земјоделска мрежа имаме став дека годинава тутунот мора да се плати барем 10 евра за килограм зашто имаме рапидно зголемени трошоци, намалено производство, а квалитетот е зголемен двојно и тројно, така што не може да се согласиме да го поредадеме тутунот по 5 евра за килограм. Тоа економски не е издржливо. Баравме да се сретнеме со нашите колеги тутуноипроизводители за да изградиме заеднички став. Мислам дека се усогласивме околу тоа и како заклучок од оваа трибина е дека бараната цена е оправдана и дека сите стоиме цврсто на барањето за таа цена од 10 евра за килограм тутун. За да се реализира тоа, ние ќе бараме од ресорот на Министерстото за земјоделство едно медијаторство за да се сретнеме со откупните фирми за да го пренесеме нашиот став дека ние не работиме тутун за пет евра или за 300 денари и дека нашата цена економска е 10 евра и дека нема да отстапиме од тоа до крај, изјави Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната емјоделска мрежа.

Откупните фирми ја користат својата монополска позиција што им ја овозможува Законот за тутун бидејќи ги става во фаворизирана, а тутунарите ги става во подредена состојба.

-Ние како тутунари сме ставенио во незавидна ситуациоја. Ние нашиот став ќе го браниме до крај. Значи, тутун за 5 евра веќе не може да се произведува. Ако сакаат тутун да се произведува во македонија, нашата цена е 10 евра за килограм. Доколку не се прифати, ние не може да повикуваме на бојкот, но ќе им укажеме на производителите да се воздржат од предавањето на тутунот, барем во законската рамка, до крајниот рок до 15 декември. Всушност сето зависи како ќе течат разговорите. Мора да се најде заедничко прифатливо решение со откупните фирми, па да обезбедиме егзистенција и за наредната година, а и континуитет на производството, смета Каракашев.

На откупните фирми не им е од интерес да ги игнорираат тутунарите кои не сакаат тутунот да го предаваат по тие цени.

-Доколку нема слух кај откупувачите да ја зголемат откупната цена на тутунот предлог е владата да го задолжи прилепскиот тутунски комбинат да изврши интервентен откуп за да ги принудиме приватните откупувачи да ги подигнат цените, рече Васко Јосифовски од тутунско здружение „Тутунска надеж“ од  Прилеп. ем/нд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан