• четврток, 09 мај 2024

Трет уписен рок на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола

Трет уписен рок на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола

Битола, 28 септември 2021 (МИА)Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола во пресрет на новата академска година реализира трет уписен рок за студенти бруцоши.

На Техничкит факултет во Битола има место за уште 301 студент во трите категории за студирање, односно, за редовни и вонредни студенти, како и за упис со надомест, односно школарина за студирање. Со исти услови може да се запишат уште 146 студенти на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, како и 51 студент на Технолошко-техничкиот факултет во Велес.

Слободни места за упис има и на Економски факултет во Прилеп каде може да се запишат уште 170 студенти, на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид слободни се 235 места, на Педагошки факултет во Битола 115 места, а 84 празни индекси има и на Факултет за безбедност во Скопје.

Во третиот уписен рок, Правен факултет - Кичево, како членка на УКЛО - Битола објави 272 слободни места, факултетот за Биотехнички науки има 115 слободни места, а Ветеринарен факултет може да запише уште 33 студенти. Слободни места има и на Високата медицинска школа каде може да се запишат уште 113 студенти во трите категории за студирање.

Запишувањето на кандидатите ќе се врши на 1. октомври, посочуваат од Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола. мт/ар/

Остани поврзан