• петок, 05 декември 2025

Трето авионско третирање против комарци утре во општина Велес

Трето авионско третирање против комарци утре во општина Велес

Велес, 12 август 2025 (МИА) - Трето авионско третирање против комарци најавено е да се изврши утре во општина Велес.

Како што информираа од локалната самоуправа, во раните утрински часови ќе бидат опфатени целото градско и приградското подрачје, како и течението на реката Вардар на овој потег. Ќе се третира и рекреативниот центар - езеро Младост со непосредната околина.

Според соопштеното, границата на третирањето против комарци се езерото Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од Башино Село низ Велес, сѐ до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад, границата почнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и селото Горно Оризари.

Општина Велес апелира пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Доколку временските услови не дозволат да се изврши авионско прскање, тоа ќе се случи првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови. ад/бд/

Фото: Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан