• петок, 05 декември 2025

Трето авионско третирање против комарци на кавадаречко подрачје в среда

Трето авионско третирање против комарци на кавадаречко подрачје в среда

Кавадарци, 1 септември 2025 (МИА) - Општина Кавадарци информира дека в среда со почеток од 5:30 до 7 часот ќе се спроведе третото авионско третирање против комарци за 2025 година на територијата на општината, информираат попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Се апелира до пчеларите во периодот на третирање и од три до четири часа подоцна, кошниците - сандаците со пчели да бидат затворени заради можноста од влијание на средството со што се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Предвидено е со третирање да биде опфатено течението на реката Луда Мара од Марена, целото градско подрачје, Ваташа, па се до брана Моклиште.

-Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за друг ден, додаваат од кабинетот на градоначалникот.

Според најавеното, третирањето ќе биде извршено од страна на фирмата ДВТ „Аероклуб Скопје“ ДОО Чучер Сандево. свд/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан