• недела, 22 декември 2024

Трета иницијатива на Националната коалиција за животна средина

Трета иницијатива на Националната коалиција за животна средина
Скопје, 16 септември 2020 (МИА) -  Согласно Стратегијата за реформа на правосудниот систем за периодот 2017-2022, во корелација со проектот: „Еднаков пристап за ефективна правда”, имлементиран од  Здружението на граѓани - Центар за еколошка демократија Флорозон Скопје, во соработка со ЕД Вила Зора од Велес денеска, во просториите на ЕД ВИЛА ЗОРА во Велес, ќе се одржи третата иницијатива на Национална коалиција за животна средина, во која членуваат 32 граѓански организации од целата држава. Целта на иницијативата е адресирање на проблемите на граѓаните од град Велес за прашањето за пристап до информации за состојбата на загадувањето на воздухот, односно недостигот од мерни станици за квалитетот на воздухот. Ќе се презентира постапката за оцена на уставноста и законитоста на заклучокот за донесување мерки за контрола на загадувањето на амбиенталниот воздух од страна на индустриските капацитети во општина Велес. Исто така, ќе се промовира бесплатната правна помош како механизам за пристап до еколошка правда, во овој случај право на пристап до информации од животната средина утврдено во Архуската конвенција. Во тој контекст, ќе се изврши и дисеминација на документите развиени во рамките на горенаведениот проект –„Компаративна анализа на постоечки модели на правна помош во и надвор од EУ и најдобри практики“, „Кратка брошура за добри практики за пристап до правда од областа на животна средина“ и „Водич за користење бесплатна правна помош“. см/ац/

Остани поврзан