• понеделник, 08 јули 2024

Тренчевска – Вуцас: Остварена успешна и плодна соработката по прашањето за згрижувачки семејства и социјалната заштита

Тренчевска – Вуцас: Остварена успешна и плодна соработката по прашањето за згрижувачки семејства и социјалната заштита

Скопје, 14 јули 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари проштална средба со австрискиот амбасадор Георг Вуцас и аташето на австриското Федерално Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи Харолд Фугер, на која главниот фокус беше на евроинтеграцијата на Република Северна Македонија и усогласувањето на законските регулативи  со ЕУ - легислативата. 

Како што соопшти МТСП, тие разговараа за успесите и плодната соработка на Австриската амбасада и Министерството за труд и социјална политика вклучувајќи го прашањето за згрижувачки семејства и социјалната заштита.

Тренчевска на крајот од средбата ја изрази својата благодарност кон амбасадорот и неговата посветена работа, која, според неа, даде придобивки на државата и на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Министерката исто така му посака пријатни последни денови на амбасадорот во неговата функција во државата и големи успеси во наредните животни предизвици.

Вуцас на крајот од јули ја завршува неговата должност како амбасадорна Австрија во Република Северна Македонија. вг/дма/

Фото: МТСП

Остани поврзан