• сабота, 23 ноември 2024

Тренчевска: Заедно да го направиме видлив трудот на руралната жена

Тренчевска: Заедно да го направиме видлив трудот на руралната жена
Скопје, 16 октомври 2022
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со Амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Јаим, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, сопругата на Претседателот на РСМ, Елизабета Ѓоргиевска, Претседателот на Мрежата за рурален развој, Петар Ѓоргиевски и Регионалната директорка на Шведската организација за развој We Effect, Анели Леина присуствуваа на одбележувањето на Меѓународниот ден на Руралната жена во Демир Капија.Во своето обраќање Тренчевска се задржа на трудот на жените во руралните средини и посочи дека 64% од руралните жени не се активни на пазарот на трудот токму заради ангажирање во домаќинството и грижа за деца, а 47% од невработените рурални жени вршат неплатена работа во семејни фарми.„Токму неплатената работа во земјоделието е клучен сегмент на неформалната економија , со која ние како Министерство за труд и социјална работа во проект финансиран од Европскиот предпристапен механизам  во склоп на кој се креира софтвер за брза евиденција на работници во земјоделството“ рече Тренчевска.Таа посочи дека со лесна евиденција на часовите кои ги работат жените од руралните средини на нивите ќе се обезбеди евидентирње на  работни часови, кои пак ќе им помогнат за еден ден остварување на правото на пензија.„Како Министерство за труд и социјална политика сме посветени и работиме и на пронаоѓањето начини за креирање на можност за остварување на платено родителско отсуство на жените фармери, за обезбедување на соодветна здравствена зашита токму во овој период од нивниот живот“ изјави Тренчевска.Министерката се осврна и на економијата на грижа и воспоставувањето на сервиси за помош и нега во домот таа посочи дека им се дава прилика за ангажман на голем број жени токму од руралните средини кои никогаш не биле активни на пазарот на трудот, да работат како лиценцирани даватели на услуги  на стари лица и изјави дека на тој начин жените од руралните средини можат да ја подобрат својата економска стабилност.На крајот од своето обраќање таа посочи дека е отворена за нови идеи и соработки, ја истакна и поддршката за руралните жени и ја искажа својата увереност за низа исполнети активности во иднина кои ќе ја подобрат положбата на руралната жена.
Министерство за труд и социјална политика
  ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан