• четврток, 21 ноември 2024

Тренчевска-Гарсија: Ќе ја зајакнеме соработката во интерес на европската перспектива на земјава

Тренчевска-Гарсија:  Ќе ја зајакнеме соработката во интерес на европската перспектива на земјава
Скопје, 25 март 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари протоколарна средба со шпанскиот амбасадор во земјава Луис Лосано Гарсија. Изразувајќи благодарност за поддршката што Шпанија и ја дава на земјава на патот кон ЕУ, министерката Тренчевска рече дека очекува, соработката меѓу институциите на двете држави да се продлабочи, информира МТСП. Министерката го запозна амбасадорот за активностите што ги реализира Министерството за труд и социјална политика, особено во делот на родовата еднаквост, социјалните услуги за ранливите групи на локално ниво, за проектите нега и грижа на стари лица и деинституционализацијата, како дел од социјалната реформа. - Имаме успешни резултати во процесот на деинситуционализацијата и воспоставувањето на новите форми на згрижување, згрижувачките семејства. Децата сега се сместени во мали групни домови. Ние како Министерство ќе продолжиме да работиме на деинституционализацијата, бидејќи секој граѓанин заслужува одржливи и квалитети социјални услуги. Исто така, со новиот Закон за родова еднаквост ќе ја унапредиме родовата еднаквост во делот на дискриминацијата и родово-базираното насилство, рече министерката Тренчевска. Амбасадорот Гарсија се интересираше и за дијалогот Скопје-Софија и за ставот на земјава за воените дејства во Украина. Тој посочи дека Шпанија е подготвена да и помогне на земјава во воспоставувањето на ЕУ стандардите. - Шпанија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон Европската Унија, нагласи амбасадорот Гарсија. Двајцата соговорници искажаа подготвеност за континуирано зајакнување на соработката во сите сфери во интерес на европската перспектива на земјава. сст/сп/

Остани поврзан