• понеделник, 25 ноември 2024

Тренинзите на најдобрите македонски каратисти достапни на јутјуб-каналот на КФМ

Тренинзите на најдобрите македонски каратисти достапни на јутјуб-каналот на КФМ
Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) - Најуспешните македонски каратисти, дел од нив освојувачи на европски и светски медали, преку јутјуб-каналот на Карате-федерацијата на Македонија, презентираа дел од своите вештини во услови на изолација, спроведуваа модифицирани тренинзи, во спалните и дневните соби, во дворовите, во затворен или отворен простор, секој според можностите, согласно препораките на надлежните институции. Придобивки од овие активности на КФМ се одржување на спортистите во солидна подготовка; порака до целото население дека секој може да одвои време и простор и да вежба во домашни услови; позитивно влијание на духот кај сите кои ги практикуваат вежбите и кај останатите. - На овој начин испраќаме порака како здрав спорт, кој е склоп на ментални и физички вежби за јакнење на телото и духот на секој кој го практикува, а сето тоа влијае и на расположението, а пред се на здравјето на сите. Деновиве ќе продолжиме и со помладите спортисти, како и дел од поискусните, кои се активни во услови на изолација, соопштија од КФМ. Ваквите активности, во услови кога нема натпревари, КФМ ги презентира минатата недела на видеоконференцијата со претседателот Светската карате-федерација (WKF), Антонио Еспинос. Оваа идеја се спроведува во некои земји на регионално ниво, па и пошироко. зс/

Остани поврзан