• петок, 22 ноември 2024

Треба да започне изградбата на горниот дел од Градскиот пазар во Велес

Треба да започне изградбата на горниот дел од Градскиот пазар во Велес
Велес 19 март 2021 (МИА) - По склучување на договорот со фирмата „Бауер БГ“ ДОО Скопје Општина Велес за да даде зелено светло за отпочнување на градежните работи од фирмата изведувач очекува да и достави банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот, во износ од 10 проценти од вкупната вредност на зафатот. -Штом ќе ја добиеме банкарската гаранција, работите на Горниот дел од Градскиот пазар фаза 2 во Велес може да почнат, информира градоначалникот Аце Коцевски. . Вкупниот износ за изградба на новиот пазар, за фаза 2 изнесува  34.696.686 денари со вклучен ДДВ,a неговата изградба според договорот треба да биде готова за четири месеци. Во меѓувреме Општина Велес и ЈК „Дервен“ кое стапанусува со Градскиот пазар вршат преговори за преместување на тезгите од прехранбени и непрехранбени производи. По преговорите на Општина Велес и ЈКП „Дервен“ со сопствениците на тезги одлучено е  тие да бидат преместени од горниот дел  на  долниот  дел од Градскиот пазар. Инаку Општина Велес и ЈКП „Дервен“ на сопствениците со 20- тина сопственици на непрехранбени артикли првично со нив разговарале нивните  тезги со непрехрамбени производи како што се текстил, железарија и други предмети да се преместат на привремена локација на паркингот помеѓу Мало мовче и Кафаната „Пармакот“ . Како што информираат од Општина Велес,вкупната површина на овој простор е 3101 метар квадратен, на кој ќе бидат сместени 106 тезги во 4 реда. Но, сопствениците не се сложиле на овој предлог и затоа и тие и останатите сопственици на тезги со прехранбени артикли зеленчук и овошје ќе бидат привремено преместени  на долниот дел од Градскиот пазар. Додаваат дека во  пазарните денови кога концентрацијата на луѓе ќе биде висока, редарите ќе имаат обврска да контролираат внатре во пазарот и да реагираат на групирања на луѓето. Од Општина Велес појаснуваат дека во зависност од тоа како ќе се развива епидемиолошката слика во Велес, ќе преземат соодветни мерки, а  со цел да не го загрозат здравјето  и на продавачите и на купувачите во велешкиот Градски пазар. ад/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан