Трговската размена меѓу Кина и САД падна за 14 отсто
- Според податоците на Генералната царинска управа на Кина, трговската размена меѓу Кина и Соединетите Американски Држави, согласно резултатите за трите квартали од 2023 година, е намалена за 14 отсто на годишно ниво и достигна 495,9 милијарди долари.

Пекинг, 13 октомври 2023 (МИА) - Според податоците на Генералната царинска управа на Кина, трговската размена меѓу Кина и Соединетите Американски Држави, согласно резултатите за трите квартали од 2023 година, е намалена за 14 отсто на годишно ниво и достигна 495,9 милијарди долари.
Според податоците на кинеската царина, извозот на стоки од Кина во САД за првите девет месеци од оваа година е намален за 16,4 отсто и достигнал 372,2 милијарди долари, додека САД извезле стоки во Кина во вредност од 123,7 милијарди долари, што е за шест отсто помалку од истиот период лани. ссм/
фото: архива