• петок, 05 декември 2025

Трајков-Хрицова: Словачка е силен поддржувач на Македонија на европскиот пат 

Трајков-Хрицова: Словачка е силен поддржувач на Македонија на европскиот пат 

Скопје, 23 септември 2025 (МИА) - Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска се сретна со амбасадорката на Република Словачка во нашата земја, Ивета Хрицова. 

На средбата, како што соопшти Министерството за европски прашања, се дискутирало за напредокот на земјава во контекст на евроинтегративниот процес, како и прогресот кој е направен во однос на спроведените реформи во повеќе области. Воедно било нагласено дека Словачка е силен поддржувач на Македонија на европскиот пат и дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднина. 

Заменик-министерката Трајков истакнала дека Владата и понатаму посветено ќе работи на имплементација на неопходните реформи со цел исполнување на нашата стратешка цел-членството во ЕУ. При тоа, таа се заблагодарила на силната поддршка и ангажман на Словачка во реализацијата на европските перспективи на земјава. 

Во наредниот период, како што било посочено на средбата, ќе продолжат напорите за  понатамошно продлабочување на македонско-словачката соработка на повеќе полиња со цел зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји. дма/сст/

Фото: Министерство за европски прашања

 

 

 

Остани поврзан