• четврток, 26 март 2026

Трајановски за Аеродром: Нови игралишта, безбедни улици и пристапни тротоари е мојата визијата за нашиот Аеродром

Трајановски за Аеродром: Нови игралишта, безбедни улици и пристапни тротоари е мојата визијата за нашиот Аеродром

Скопје, 26 октомври 2025 (МИА) – Уредување на јавниот простор, со фокус на безбедност, пристапност и квалитетен урбан живот за сите граѓани е дел од планот кој ќе биде реализиран доколку бидсам избран, повика кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Аеродром, Александар Трајановски за поддршка во вториот круг во Аеродром.

-Нашата визија за јавниот простор е да биде уреден согласно реалните потреби на граѓаните. Тоа значи безбедни улици, достапни тротоари и места за рекреација каде што сите, од најмладите до највозрасните, ќе се чувствуваат пријатно и сигурно, изјави Трајановски.

Во неговата програма се предвидува изградба на нови, модерни и безбедни детски игралишта, вклучително и сензорни игралишта за деца со попреченост. Ќе се адаптираат рабниците на тротоарите и ќе се изградат тактилни патеки, со цел да се обезбеди пристапност за сите граѓани.

Трајановски најави и системски пристап во решавањето на проблемот со кучињата скитници, преку соработка со надлежните институции, со цел создавање безбедна и хумана средина.

Во план е изградба на нови велосипедски патеки, воведување брз и функционален јавен превоз, како и паметни паркиралишта и осветлување, што ќе придонесе за енергетска ефикасност и подобар урбан живот.

-Безбедноста е темел на сè што правиме, рече Трајановски, најавувајќи редовна контрола на противпожарните системи во сите станбени згради и изградба на нова противпожарна станица на територијата на Аеродром.

Ова не се само проекти, ова се мерки за достоинствен живот на секој мој сограѓанин од Аеродром, порача Трајановски, повикувајќи ги граѓаните да се обединат на 2 ноември за подобра и поодговорна општина. бк/нд/

Фото: СДСМ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан