• петок, 05 декември 2025

Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

Скопје, 31 октомври 2025 (МИА) - Резултатите од првиот круг јасно покажаа дека во Општина Аеродром постои силно опозициско расположение. Граѓаните испратија порака дека сакаат промени, дека се уморни од застојот, ароганцијата и самоволието на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави кандидатот пд СДСМ за градоначалник на општина Аеродром Александар Трајановски.

- Сега е моментот тоа незадоволство да го претвориме во одлучна волја за промена. Ги повикувам сите граѓани, без разлика на партиска припадност, да се обединиме и масовно да излеземе на гласање на 2 ноември.

Да го покажеме нашето единство, нашата решеност и нашата верба во подобра иднина. Аеродром заслужува општина која ќе се развива транспарентно, со вистински проекти, со грижа за секој жител.

Поддржете ги промените кои веќе се видливи преку резултатите од првиот круг. Да направиме решителен чекор напред, за нов, современ и отворен Аеродром, порача Трајановски. свс/са/

Фото: СДСМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан