• петок, 05 декември 2025

Трамп ќе ја повлече номинацијата на Ед Мартин за главен федерален обвинител на Вашингтон

Трамп ќе ја повлече номинацијата на Ед Мартин за главен федерален обвинител на Вашингтон

Вашингтон, 8 мај 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе ја повлече номинацијата на конзервативниот активист Ед Мартин за главен федерален обвинител на Вашингтон, откако клучен републикански сенатор изјави дека нема да го поддржи поради неговата поддршка на учесниците во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

„Имаме друг кандидат кој ќе биде одличен“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната канцеларија, одговарајќи на прашање за процесот на потврдување на Мартин. Тој додаде дека е разочаран, но „понекогаш така се случува“.

Мартин, кој е вршител на должноста обвинител на округот Колумбија од првата недела по стапувањето на Трамп на функција, се соочи со критики поради поддршката за учесниците во нападот на Капитол и неговото контроверзно управување со обвинителството.

Сенаторот републиканец од Северна Каролина Том Тилис, член на правната комисија во Сенатот, изјави дека неговото противење на номинацијата произлегува од поддршката на Мартин за учесниците во нападот на Капитол. ссм/

фото: архива

Остани поврзан