• четврток, 04 декември 2025

Трамп: Ќе се сретнам со Ким „во одреден момент“

Трамп: Ќе се сретнам со Ким „во одреден момент“

Вашингтон, 25 август 2025 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска соопшти дека ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун „во одреден момент“, без да наведе други детали.

- Имам многу добар однос со Ким Џонг Ун, рече американскиот претседател.

Трамп ја даде изјавата непосредно пред да го пречека својот јужнокорејски колега, Ли Џе-мјунг, во Белата куќа.

На тој состанок, меѓу другото, ќе се разговара и за стратегијата во врска со Северна Кореја.

Северна и Јужна Кореја се одвоени држави од завршувањето на Корејската војна во 1955 година и имаат многу милитаризирана меѓусебна граница.

Северна Кореја е комунистичка диктатура, додека Јужна Кореја е сојузник на САД и една од технолошки најразвиените земји во светот. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан