Трамп: Ќе ги надополнам стратешките нафтени резерви доколку освојам нов мандат во Белата куќа
- Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе ги надополни американските стратешки нафтени резерви доколку биде избран за уште еден мандат во Белата куќа во ноември.
Вашингтон, 7 август 2024 (МИА) - Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе ги надополни американските стратешки нафтени резерви доколку биде избран за уште еден мандат во Белата куќа во ноември.
„Ги пополнував (резервите) на нивоа што никогаш досега не ги виделе. Треба веднаш да ги надополниме стратешките резерви“, рече тој во интервју за Фокс њуз.
Администрацијата на актуелниот демократски претседател Џо Бајден го зголеми купувањето на сурова нафта ова лето за да ги надополни стратешките резерви по историската распродажба на акциите во 2022 година по руската инвазија на Украина. паг/
Фото: МИА архива