• понеделник, 23 декември 2024

Трамп убедливо води во анкетите меѓу републиканците

Трамп убедливо води во анкетите меѓу републиканците

Вашингтон, 1 август 2023 (МИА) – Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, убедливо води меѓу ривалите за републиканскаа претседателска номинација, со разлика од 37 отсто во однос на второпласираниот кандидат,  гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, покажува најновата анкета на „Њујорк Тајмс“ и колеџот „Сиена“.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека Трамп има поддршка од 54 отсто од републиканските гласачи, додека 17 отсто од нив би гласале за ДеСантис. Сите други кандидати имаат републиканска поддршка од три и помалку проценти.

Според американскиот весник, Трамп е во водство речиси кај секоја демографска група и регион и во сите идеолошки крила на партијата.

„Трамп води со голема разлика меѓу мажите и жените, помладите и постарите гласачи, умерените и конзервативните гласачи, оние со факултетски дипломи и оние без, во градовите, предградијата и руралните области“, наведува „Њујорк Тајмс“.

Истовремено, огромно мнозинство републиканци или 58 отсто, изјавија дека Трамп е кандидатот кој може да го победи актуелниот претседател на САД,Џо Бајден. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан