• петок, 05 декември 2025

Трамп се надева дека израелскиот напад во Доха нема да влијае на напорите за ослободување на заложниците

Трамп се надева дека израелскиот напад во Доха нема да влијае на напорите за ослободување на заложниците

Вашингтон, 12 септември 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „се надева“ дека израелскиот напад врз лидерите на Хамас во Катар нема да влијае на напорите за обезбедување ослободување на заложниците.

Арапски дипломат вклучен во преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците претходно вчера изјави за „Тајмс оф Израел“дека сите медијациски напори се запрени по нападот.

-Сакаме заложниците да бидат ослободени и сакаме тоа да биде наскоро. Се надевам (нападот нема да влијае на нив), им рече Трамп на новинарите пред Белата куќа.сд/

фото:EPA

Остани поврзан