• вторник, 15 септември 2026

Трамп предложи Ормуска Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“

Трамп предложи Ормуска Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“

Вашингтон, 2 септември 2026 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп предложи Ормуска Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“.

Пред неколку дена Трамп потпиша и извршна наредба за преименување на езерото Онтарио, кое се наоѓа на границата меѓу САД и Канада, во „Езеро Америка“.

„Сега, откако го контролираме, дали треба Ормуска Теснина да ја преименуваме во ‘Теснина Трамп’?“, напиша американскиот претседател на својата платформа Трут соушал.

Стратешкиот морски коридор е блокиран од Техеран од почетокот на војната, која започна на 28 февруари со израелско-американските напади врз Иран. ссм/

фото: архива