• недела, 22 декември 2024

Трамп од Белата куќа земал писма од Обама и од Ким

Трамп од Белата куќа земал писма од Обама и од Ким
Вашингтон, 8 февруари 2022 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп кога заминал од Белата куќа ги земал писмата на Барак Обама и на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. На крајот на својот мандат, секој американски претседател мора да ги достави сите електронски пораки, писма и други работни документи до Националниот архив, кој мора да ги чува. Но, Трамп кога ја напуштил Белата куќа земал неколку кутии, во кои имало подароци од странски лидери, писмо од Барак Обама и неколку писма од Ким. Во јануари, Националниот архив организираше враќање на 15 кутии со претседателски документи од имотот на Трамп на Флорида во Вашингтон. Сепак, некои документи остануваат неоткриени. Минатата недела Националниот архив објави дека Трамп имал навика да ги кине работните документи, спротивно на законот од 1978 година. ми/  

Остани поврзан