Трамп најави дека рокот за ТикТок може да биде продолжен
- Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговото одложување од 75 дена во спроведувањето на забраната за кинеската апликација за кратко видео TикТок може да биде продолжено, но дека не мисли дека тоа ќе биде неопходно.
![Трамп најави дека рокот за ТикТок може да биде продолжен](https://mia.mk/images/20250214073233_big_730x400_66.webp )
Вашингтон, 14 февруари 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговото одложување од 75 дена во спроведувањето на забраната за кинеската апликација за кратко видео TикТок може да биде продолжено, но дека не мисли дека тоа ќе биде неопходно.
Говорејќи пред новинарите во Овалната соба, Трамп рече дека се уште се надева дека ќе постигне договор со ТикТок за да ја задржи апликацијата активна во САД.
„Па, имам 90 дена од пред две недели и сигурен сум дека може да се продолжи. Но, да видиме. Мислам дека нема да биде потребно“, рече Трамп.
Епл ќе ја врати апликацијата ТикТок, во сопственост на „Бајт денс“ (ByteDance), во ЕплСтор, по наредба на американскиот обвинител Пем Бонди, јави Блумберг. Епл потврди дека апликацијата ќе биде повторно достапна од денеска. паг/
Фото: МИА архива