Трамп и Ердоган телефонски разговараа за Сирија и Либија
- Турскиот и американскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и Доналд Трамп телефонски разговараа за ситуацијата во Сирија и Либија, изјави претставник на администрацијата на Ердоган за РИА Новос

Анкара, 2 јануари 2020 (МИА) - Турскиот и американскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и Доналд Трамп телефонски разговараа за ситуацијата во Сирија и Либија, изјави претставник на администрацијата на Ердоган за РИА Новости.
- Нашиот претседател оствари телефонски разговор со неговиот американски колега Доналд Трамп. Двајцата разговараа за ситуацијата во Сирија и Либија, а се осврнаа и на регионалните прашања, изјави претставникот на администрацијата.
Тој додаде дека Ердоган жали за нападот врз американските безбедносни сили во Ирак и дека изразил задоволство од прекинувањето на нападите врз американската амбасада во Багдад.- Двајцата лидери ја истакнаа важноста за решавање на регионалните прашања преку дипломатски средства и се согласија да ја засилат соработката за постигнување меѓусебни цели во билатералните односи, додаде претставникот во администрацијата на турскиот лидер. паг/