• сабота, 29 август 2026

Трамп им кажа на лидерите на членките на НАТО дека САД остануваат членка на алијансата

Трамп им кажа на лидерите на членките на НАТО дека САД остануваат членка на алијансата

Анкара, 8 јули 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп им кажа на претставниците на земјите членки на НАТО дека има намера САД да останат членка на алијансата - објави денеска „Ројтерс“ повикувајќи се на неименуван извор.

За време на состанокот со лидерите на земјите членки, кој е зад затворени војни, Трамп рече дека САД се подготвени да продолжат да им продаваат оружје на сојузниците, без оглед на тоа како ќе го користат.

„Сакаме да останеме со вас“, наводно рекол Трамп на состанокот.

Изворот рече дека за време на состанокот Трамп не го споменал своето незадоволство од Шпанија или барањето САД да ја преземат контролата врз Гренланд.

Во пресрет на состанокот американскиот претседател рече дека ќе ги изрази своите забелешки во врска со функционирањето на алијансата. сд/

Фото:ЕПА