• понеделник, 16 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трамп за прашањето за Кина и Тајван: Никогаш не го коментирам тоа

Трамп за прашањето за Кина и Тајван: Никогаш не го коментирам тоа

Вашингтон, 27 февруари 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп во средата одби да одговори на новинарско прашање дали САД ќе и дозволат на Кина насилно да ја преземе контролата над Тајван.

„Никогаш не го коментирам тоа. Никогаш не сакам да се ставам во таа позиција“, рече Трамп во Белата куќа.

За време на состанокот на кабинетот, Трамп одговараше на новинарско прашање дали е негова политика Кина никогаш да не го заземе Тајван со сила додека е тој претседател.

Трамп рече дека има намера да има добри односи со Кина, вклучително и прекугранични инвестиции, и покрај воведувањето царини за кинески стоки.

Вашингтон долго време се придржува до политиката на „стратешка двосмисленост“ според која не појаснува дали би одговорил воено на напад на Тајван.

Претходникот на Трамп, Џо Бајден, зазеде поинаков став за време на неговиот мандат, велејќи дека американските сили ќе го бранат Тајван доколку Кина го нападне. паг/

 

Остани поврзан