• петок, 22 ноември 2024

Традиционално  искачување на велешкиот рид „Свети Илија“ по повод Илинден и манастирската слава

Традиционално  искачување на велешкиот рид „Свети Илија“ по повод Илинден и манастирската слава

Велес 1 август 2023 (МИА) - По повод големиот македонски празник Илинден, 2 август,  Планинарски дом „Чеплес“  годинава по осми пат организира  ноќно искачување на ридот „Свети Илија“ на 565 метри надморска височина и посета на истоимениот манастир „Свети Илија“ лоцирам од другата страна на ридот над Велес. Ноќното искачување ќе стартува вечерва во 19 часот, а зборното место за сите учесници е плоштадот „ С“рмаале“ во Велес кај фонтаната.

Како што информира за МИА, Драган Димов од организаиониот одбор, тргнувањето е во 19 часот од плоштадот „Срмаале“ во Велес, во колона кон ридот преку „Стар Мост”, црквата „Пресвета Богородица“, па до црквата „ Св. Спас“, лоцирана на ридот над градот од левата страна.

-Пауза правиме пред успонот на ридот над Црквата „Св. Спас“  и  мал одмор и  освежување. Потоа имаме искачување до врвот, мала пауза за освежување и спуштање до Манастирот „Св Илија“, кој од вечерва започнува да ја слави својата манастирска слава која е утре. Таму имаме разгледување  на манастирот и вечера со одмор, а потоа околу 23 часот се враќаме кон Велес каде се пристигнува по полноќ, појасни Димов.

Воедно информира дека патеката е прилагодена како за возрасни така и за деца. Нејзината должина е околу три километри. Тој потенцира дека секој учесник одговара за својата психичка и физичка подготвеност и должен е да ги почитува сите правила. Исто така секој учесник задолжително  со себе треба да носи светилка или челна ламба, долги панталони, јакна против ветар, шушкавец или полар и шише со 1,5 литри вода.

Димов информира дека досега се пријавиле околу 200 учесници од сите возрасти, а како и во изминатите година и годинава и десетгодишни деца. Меѓу пријавените освен од Велес има  и група  од Скопје. ад/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан