• петок, 20 декември 2024

Традиционална програма за Божик во храмот „Свети Петар и Павле“ во Кичево

Традиционална програма за Божик во храмот „Свети Петар и Павле“ во Кичево
Кичево, 5 јануари 2022 (МИА) - Во црковниот храм „Свети Петар и Павле“ во Кичево утре и во трите дена од големиот верски празник Божик, ќе се одвива традиционална програма, која ќе започне на Бадник со одење по бадниково дрво од страна на верници и свештеници од Кичево, а во 11:30 часот ќе се изврши делење на божиќни гранчиња на верниците од градот. -За првпат празникот ќе биде збогатен и со Божикен концерт на византискиот хор при храмот „Свети Петар и Павле“ од Кичево, кој ќе изведе повеќе бадникарски песни - каланди. Почетокот на концертот е закажан за 11 часот, изјави отец Александар Крстаноски и додаде дека во 17 часот ќе се одржи вечерна богослужба на која ќе богослужи митрополитот дебарско-кичевски г Тимотеј. Во трите дена за Божик ќе биде одржана Утрена литургија, со која ќе чиноначалствуваат свештеници од кичевското архиерејско намесништво, а ќе започнува во 7:30 часот. За да се запазат протоколите за заштита од Ковид-19 се апелира до сите верници кои ќе присуствуваат на овие литургии и богослужба, задолжително да носат заштитна маска.за/вј/

Остани поврзан