• четврток, 18 јули 2024

Традиционална поетска манифестација „Скопје чита“

Традиционална поетска манифестација „Скопје чита“
Скопје, 27 октомври 2021 (МИА) - Традиционалната поетска манифестација „Скопје чита“ ќе се одржи денеска во Изложбениот салон –Империјал II. На манифестацијата, што ќе се одржи шести пат во два дена, учество ќе земат афирмирани и млади писатели на кои им се дава можност да ја претстават својата уметност со новосоздадени книги, со што им се овозможува афирмирање и истовремено вршејќи едукативна функција. Ќе се одржат и музички настапи на реномирани музичари како и претставување на активното здружение Book Club-Shkupi. Ќе се чита на македонски, албански и други јазици. Проектот „Скопје чита” го подготви поетесата Линдита Ахмети. мс/лв/

Остани поврзан