• недела, 22 декември 2024

Традиционалната „Мичуринска средба“ нема да се одржи, ќе има хуманитарна акција

Традиционалната „Мичуринска средба“ нема да се одржи, ќе има хуманитарна акција
Скопје, 13 јануари 2021(МИА) - „Мучуринската средба“, која традиционално се одржува на 14 јануари, на православниот празник Свети Василиј, оваа година нема да се одржи поради ситуацијата со Ковид-19. Одбележувањето на средбата оваа година ќе биде со хуманитарна акција, со делење пакети со храна за загрозените категории на граѓани кои живеат во населбата Мичурин и Општина Аеродром, информираат од Одбор за организација на „Мичуриската средба“. - По повод претстојниот православен христијански празник Св. Василиј или познат кај нас како Василица, поради пандемијата Ковид 19 претседателот Георги Гаштаров и организацискиот одбор на традиционалната Мичуринска средба донесе одлука да не се организира пречекот на Стара Нова година, соопштија од одборот, додавајќи дека традицијата ќе ја продолжат со хуманитарна акција. Целта на хуманитарната акција е задржувањето на традицијата на „Мичуринската средба“, која ќе продолжи и понатаму со годините кои се пред нас, велат од одборот.. Тие информираат дека нивната програма ќе почни со литургија утре напладне во црквата „Пресвета Богородица“ со почеток од 12 часот. Оваа година Мичуринската средба требаше да се одржи по 25-ти пат. ир/сп/

Остани поврзан