• сабота, 23 ноември 2024

Тојота со пад на продажбата од 70 проценти поради коронавирусот

Тојота со пад на продажбата од 70 проценти поради коронавирусот
Токио, 4 март 2020 (МИА) - Корпорацијата Тојота објави дека продажбата во Кина во февруари година е намалена за 70,2 отсто во споредба со февруари 2019 година. Падот на продажбата на автомобили на Тојота е поради појавата и ширењето на новиот коронавирус. Вториот најголем производител на автомобили во светот наведе дека минатиот месец продал само 23.800 патнички возила, вклучително и премиум возилата Лексус. Додека според прелиминарната проценка на Кинеската асоцијација на производители на патнички возила (ЦПЦА) тврди дека продажбата на возила забележала поголем пад и вкупното намалување изнесува 80 отсто, што е најголем забележан годишен пад. ми/

Остани поврзан