• недела, 22 декември 2024

Тојота се враќа во Формула 1 во партнерство со Хаас

Тојота се враќа во Формула 1 во партнерство со Хаас

Остин, 11 октомври 2024 (МИА) - Формула 1 тимот Хаас и Тојота во петокот објавија долгорочно партнерство кое ќе го врати најголемиот јапонски производител на автомобили во Формула 1 за прв пат од 2009 година, објавија американските медиуми.

Сепак, Хаас ќе продолжи да ги користи моторите на Ферари откако тимот во јули се согласи да го продолжи договорот до 2028 година. Тимот, предводен од Јапонецот Ајао Комацу, е седми во поредокот кај конструкторите во моментов со 31 поен пред Гран при во Остин, Тексас, ое на програмата е следната недела.

Партнерството меѓу Хаас и Тојота започнува веднаш, откако автомобилите на возачите Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен ќе бидат брендирани со логото на јапонскиот концерн. Тојота станува технички партнер на Хаас, а двете страни ќе разменат експертиза, знаење и средства. Тојота ќе обезбедува дизајн и технички услуги.

-Да ја имаме поддршката од лидерот во автомобилскиот сектор и да работиме заедно ќе ни овозможи да го развиеме и забрзаме нашиот пат. Ова е партнерство кое гарантира придобивки за двете страни, прокоментира Комацу. Тој, исто така, им се заблагодари на Ферари и на тимскиот шеф Фред Васур за нивната поддршка, како и на директорот на Формула 1, Стефано Доменикали.

Претседателот на Тојота Рејсинг, Томоја Такахаши, рече дека партнерството има за цел „да создаде возачи, инженери и механичари“.

Тојота влезе во Формула 1 со свој тим во 2002 година, но сепак не победи на трка, и покрај тоа што тимот имаше еден од најголемите буџети. Јапонскиот конструктор, исто така, го снабдуваше тимот на Вилијамс со мотори помеѓу 2007 и 2009 година. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан