Тоти пред враќање во Рома
- Според информациите, Тоти е во постојан контакт со извршниот директор Гвидо Фиенга и двајцата се во разговори легендата на клубот да ја заземе функцијата потпретседател или технички директор
Рим, 23 септември 2020 (МИА) - Франческо Тоти ќе се врати во клубот на своето срце Рома, пишува „Кориере дело Спорт“.
Според информациите, Тоти е во постојан контакт со извршниот директор Гвидо Фиенга и двајцата се во разговори легендата на клубот да ја заземе функцијата потпретседател или технички директор на Рома.
Тоти работеше кратко во администрацијата на клубот по крајот на неговата кариера, но си замина по конфликтот со поранешниот сопственик Џејмс Палота.