Тотенхем сака да го обнови договорот со Лорис
- Претставници на премиерлигашот Тотенхем се во преговори со голманот Уго Лорис за продолжување на договорот. Според Фабрицио Романо, лондонскиот клуб сака да го продолжи договорот со 35-годишн

Лондон, 3 јануари 2022 (МИА) – Претставници на премиерлигашот Тотенхем се во преговори со голманот Уго Лорис за продолжување на договорот. Според Фабрицио Романо, лондонскиот клуб сака да го продолжи договорот со 35-годишниот фудбалер до 2023 година.
Актуелниот договор на Лорис со Тотенхем е до јуни 2022 година. Фудбалерот игра во Англија од 2021 година.
Лорис оваа сезона одигра 20 натпревари во сите натпреварувања и прими 23 гола, додека на осум натпревари не беше совладан. зс/