• вторник, 03 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тотенхем веќе бара замена за Постекоглу

Тотенхем веќе бара замена за Постекоглу

Лондон, 22 април 2025 (МИА) - Тотенхем речиси сигурно ќе го смени менаџерот на крајот од сезоната, објавија во вторникот британските медиуми. „Телеграф“ пишува дека Ангелос Постекоглу најверојатно ќе го напушти клубот од северен Лондон на лето, без разлика дали Спарс ќе ја освојат Лигата на Европа.

Тотенхем дури би можел да го отпушти Австралиецот, како и да му го раскине договорот со заедничка согласност пред крајот на првенството.

Според весникот, и спортскиот директор на тимот, Скот Ман, кој го поддржува Постекоглу, исто така ќе ја напушти функцијата во јуни.

Главни кандидати за замена на Постекоглу се менаџерот на Бурнемут, Андони Ираола, Марко Силва, кој е на чело на Фулам, како и Томас Франк, тренерот на Брентфорд.

По 33 кола, Тотенхем е само на 16. место во Премиер лигата со средства од само 37 бодови. Во Лигата на Европа, тимот од Северен Лондон се пласираше во полуфиналето каде ќе игра против Бодо/Глимт. дс

Фото: Архива

Остани поврзан