• петок, 22 ноември 2024

Топ чанел: Министерката Грвала отворено побара сојуз меѓу Албанија и Косово против Србија

Топ чанел: Министерката Грвала отворено побара сојуз меѓу Албанија и Косово против Србија
Тирана, 18 октомври 2021 (МИА) - Косовската министерка за надворешни работи, Доника Грвала, на заедничка прес-конференција со нејзината албанска колешка Олта Џачка во Тирана, побара сојуз со Албанија и други земји во регионот против Србија, пренесува Топ чанел. По последно време, додала таа, говорот на Србија станал многу поостар не само кон Косово, туку и кон Црна Гора и БиХ и затоа „наспроти него е потребен обединет фронт“. - Мораме да бидеме многу посвесни и многу повнимателни за да го зајакнеме овој кревок мир што го имаме во регионот и сите заедно да влијаеме мирот и стабилноста во нашиот регион да не се доведуваат во опасност. Ова го кажувам затоа што ни треба подобра координација на петте земји од регионот кон Србија и потребна е посуштинска соработка во сите регионални процеси, изјавила Грвала. Таа посочува дека во тек се разговори за потпишување регионални договори и веруваат дека и Албанија и Косово со нивниот отворен пристап кон Берлинскиот процес, со нивниот решителен пристап кон суштинска соработка во регионот, ќе можат да ги унапредат овие договори за што навреме постигнале спогодба. Осврнувајќи се на соработката со Албанија, Гервала додаде дека она што се очекува од владите во Приштина и Тирана, не само како соседни земји, туку и како држави неразделни една од друга, е да им го олесни животот на нивните граѓани од двете страни на границата. - Албанија отсекогаш била и ќе биде на страната на Косово, најсилниот поддржувач и најкомпромисниот адвокат на Косово. За нас, Косово, иднината на Косово и иднината на Албанија, се тесно поврзани и ние ќе направиме сè што можеме за интересите на Косово. Албанија ќе продолжи да лобира за Косово во ЕУ, рекла меѓу другото Џачка. Според неа, резултатот од дијалогот Приштина – Белград треба да биде правно обврзувачки договор што овозможува меѓусебно признавање меѓу двете земји, членство на Косово во ОН и сè друго што се очекува за државните интереси на Косово. вт/гт/

Остани поврзан