Тонин: ЕУ треба да ја прошири соработката со кандидатите за членство
- Словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин денеска изјави дека Европска Унија треба да ја прошири соработката со кандидатите за членство „во сите области каде што е можно, дури и за време н
Љубљана, 2 септември 2021 (МИА) - Словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин денеска изјави дека Европска Унија треба да ја прошири соработката со кандидатите за членство „во сите области каде што е можно, дури и за време на фазата на пристапување“.
Тој во интервју за Еуроактив пред денешниот неформален состанок на министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ, истакна оти Словенија „многу сериозно“ го сфаќа ветувањето дека ЕУ ќе го прифати целиот регион во членство.
На прашањето дали ЕУ треба да размисли за проширување на придобивките од Европската одбранбена унија на Западен Балкан со цел процесот во исто време да биде со процесот на проширување, Тонин рече дека тоа треба да биде „апсолутно“.
- Се разбира, тој чекор ќе вклучува проширување и придобивки и одговорности во областа на одбраната, додаде словенечкиот министер за одбрана.
Тој истакна дека партнерите на ЕУ од Западен Балкан веќе активно учествуваат во неколку мисии на ЕУ, некои се вклучени во борбени групи на ЕУ и соработуваат со Европската агенција за одбрана (ЕДА).
- Сето ова покажува дека тие сакаат и се способни да бидат активни членови на ЕДА, посочи Тонин, додавајќи дека словенечкото претседателство со ЕУ активно се обидува да го зајакне дијалогот за
Заедничката безбедносна и одбранбена политика (ООПП) со регионот.
Тонин додаде дека има „голем потенцијал за идна соработка“.
Тој, исто така, наведе дека ако ЕУ сака да пружи безбедност и да биде глобален играч, треба да ги избегне грешките од минатото и да развие кредибилни сили за воена интервенција кои можат да обезбедат стабилност во соседството на ЕУ.
Тема на состанокот на Брдо кај Крањ ќе бидат и настаните во Авганистан, од кои ЕУ, според словенечкиот министер, треба да извлече поука.
Во контекст на Авганистан, официјалните претставници на ЕУ повторно го разгледаа создавањето на сили за брза реакција од 5.000 војници, кои би можеле да интервенираат веднаш по избувнувањето на меѓународна криза.
Во исто време, Тонин признава дека од 2007 година, ЕУ има група од 1.500 луѓе подготвени за борба што никогаш не била испратена никаде и чие создавање генерално се смета за погрешен чекор денес. ми/