Тоневски: Субвенции за нови енергетски-ефикасни фасади и прозорци за граѓаните на Пробиштип
- Најголемиот дел од нашите станбени згради се изградени одамна и до денес остана необновени. Денешното време носи нови предизвици, но и нови можности. Со поддршка од општината станарите ќе добијат субвенции за нови фасади и прозорци, ова нема само да го подобри квалитетот и изгледот на зградите, туку што е уште поважно значително ќе ги намали трошоците на граѓаните за греење и ладење, стои во соопштението за кнадидатот од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Пробиштип што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 7 октомври 2025
Најголемиот дел од нашите станбени згради се изградени одамна и до денес остана необновени.
Денешното време носи нови предизвици, но и нови можности.
Со поддршка од општината станарите ќе добијат субвенции за нови фасади и прозорци, ова нема само да го подобри квалитетот и изгледот на зградите, туку што е уште поважно значително ќе ги намали трошоците на граѓаните за греење и ладење, стои во соопштението за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Пробиштип Тони Тоневски што МИА го пренесува интегрално.
Ќе субвенционираме и нови енергетски-ефикасни фасади и прозорци за семејните куќи, но не застануваме тука старите азбестни покриви мора да ги замениме што е можно побрзо, азбестот претставува сериозна закана за здравјето и не смее да биде дел од нашата иднина.
Секој граѓанин заслужува поддршка за подобар и побезбеден живот.
Токму затоа, во сите станбени згради ќе направиме целосна проверка на хидрантските мрежи и ќе поставиме нови хидранти каде што има потреба.
Безбедноста и здравјето немаат цена, заедно со секој еден од вас ќе ја градиме нашата иднина.
Направи го вистинскиот избор, за тебе, за твоето место, за твојата иднина!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ