• петок, 22 ноември 2024

Тонали за лекувањето на зависноста од обложување: Разговорот помага, запознав многу луѓе кои решија да побараат помош кога мојата приказна стана јавна

Тонали за лекувањето на зависноста од обложување: Разговорот помага, запознав многу луѓе кои решија да побараат помош кога мојата приказна стана јавна

Њукасл, 28 август 2024 (МИА) - Сандро Тонали зборуваше за лекувањето на зависноста од коцкање.

Според фудбалерот, дел од рехабилитацијата вклучува и средба со други луѓе кои страдаат од истиот проблем.

- Разговорот многу помага. Во првите три месеци запознав многу луѓе, особено во Њукасл, кои го имаа овој проблем, но никогаш досега не зборуваа за тоа. Тие решија да побараат помош и да престанат да чуваат сè за себе кога мојот проблем стана јавен. Ова ме направи многу среќен. Првиот чекор е способноста да зборувате за огромниот товар што го носите во себе и за кој никогаш не сте имале храброст да зборувате. Ја имате оваа огромна бариера. Разговорот е најголемиот чекор кон решавање на некој проблем
Возбуден сум затоа што се чувствувам како нов играч, нова аквизиција. Минатата сезона одиграв само осум натпревари и ми беше многу тешко. Мило ми е што сум овде во Њукасл, а не на друго место бидејќи имам врвен тим, врвни навивачи и едвај чекам да се вратам на терено. Не постои ниту еден човек кој не би ме поддржал - истото и со навивачите. Ми ја дадоа истата љубов што би ми ја дале да бев тука 10 години. Ме натера да сфатам кои се навивачите на Њукасл. Мислам дека ова не може да се најде во друг град. Многу сум размислувал за ова, изјави Тонали.

Тој се заблагодари на сите во Њукасл кои му даваа поддршка додека ја издржуваше суспензијата.

- Тренерот Еди Хау беше мојот прв пријател во Њукасл. Со него зборував секој ден 10 месеци. Исто така, на првиот натпревар во кој не можев да играм, против Вулверхемптон, отидов со тимот. Цела вечер пред натпреварот ми помогнаа Бруно (Гимараеш) и Џолинтон. Тие беа до мене. Тие се одлични луѓе. Сакам да му се заблагодарам на мојот тренер, тимот и навивачите, рече играчот од средниот ред на Њукасл.


Италијанецот денеска ќе игра во натпреварот од Лига купот против Нотингем Форест. Тонали ќе му се врати на фудбалот по 10-месечната забрана за обложување на натпреварите на Милан, за кого играше пред да се пресели во Њукасл минатото лето. Тој нема играно од октомври и има само 12 настапи за премиерлигашот. зс/
Фото: ЕПА

Остани поврзан