Том Хенкс не сака во вселената за 28 милиони долари
- Под услов да платам. И, знаеш, ќе чинеше 28 милиони долари или така нешто. Добро ми оди, Џими, добро ми е. Но, нема да платам 28 милиони долари!, нагласи актерот.

Лос Анџелес, 4 ноември 2021 (МИА) - Том Хенкс, како гостин во емисијата на Џими Кимел, откри дека Џеф Безос му понудил лет во вселената, но тој одбил поради цената. Водителот, всушност, го праша глумецот - дали навистина милијардерот му се обратил за летот пред понудата кон Вилијам Шетнер?
- Па, да, под услов да платам. И, знаеш, ќе чинеше 28 милиони долари или така нешто. Добро ми оди, Џими, добро ми е. Но, нема да платам 28 милиони долари!, нагласи глумецот.
- Знаеш, и сега, веднаш би можеле да го симулираме искуството со вселената. Тоа е лет кој трае околу 12 минути!? Па, тоа би можеле да го направиме и во нашиве фотелји овде. Меѓутоа, за тоа да потрошам 28 милиони долари!? Можам да го направам тоа и дома, рече Хенкс пред комично да го симулира искуството со летање.
Прашан - дали би размислил да се качи на вселенски лет доколку е бесплатен, Хенкс одговори:
- Можеби би го направил тоа за да уживам... Преправајќи се дека сум милијардер.
Иако ја одбил поканата на Безос, гласините говорат дека Хенкс е меѓу познатите личности кои резервирале билет до 250.000 долари за комерцијален вселенски лет на турситичката компанија „Вирџин галактик“ на Британецот Ричард Бренсон. си/сд/