• среда, 27 ноември 2024

Токио жариште на епидемијата во Јапонија

Токио жариште на епидемијата во Јапонија
Токио, 12 декември 2020 (МИА) - Токио со 621 нов случај на Ковид-19 постави уште еден рекорд во Јапонија во последните 24 часа. Како што пренесуваат странските агенции, зголемувањето на бројот на новозаболени се смета за директна последица на неуспехот на Владата да воведе построги мерки, што може да доведе до ново зголемување на бројот на заразени лица за време на празниците. Досега, во Јапонија се потврдени 174.000 случаи на Ковид-19 и околу 2.500 смртни случаи. Градскиот кризен штаб во Токио стравува поради зголемениот број пациенти со сериозна клиничка слика и се поголемиот притисок врз здравствениот систем. паг/

Остани поврзан