Токаев: Терористи обучувани во странство се виновни за бунтот во Казахастан
- -Станува збор за нарушување на интегритетот на земјата и што е најважно, за напад на нашите граѓани кои бараат од мене итно да им помогнам, рече казахстанскиот претседател.

Алмати, 6 јанаури 2022 (МИА) - Претседателот на Казахстан, Касим Жомарт Токаев, кој ја повика Русија на помош, денеска ги обвини терористите обучени во странство за бунтот во земјата.
-Станува збор за нарушување на интегритетот на земјата и што е најважно, за напад на нашите граѓани кои бараат од мене итно да им помогнам, рече казахстанскиот претседател.
Токаев пред два дена ја распушти владата, вчера ја укина одлуката за поскапување на горивата и се огради од својот претходник на функцијата, Нарсултан Назарбаев, заменувајќи го како претседател на влијателниот Совет за безбедност. Но, тоа не ги смири демонстрантите кои го обвинуваат семејството на Назарбаев и сојузниците дека се збогатиле со нафта и минерални ресурси, оставајќи ја земјата во сиромаштија.сд/
