Тозиевски од ВМРО-ДПМНЕ: Благодарам на ресенчани, продолжуваме заедно
- Благодарам на моите сограѓани ресенчани затоа што оваа победа е наша заедничка победа, изјави за МИА, актуелниот и ново избран градоначалник на Општина Ресен, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јован Тозиевски.
Ресен, 19 октомври 2025 (МИА) - Благодарам на моите сограѓани ресенчани затоа што оваа победа е наша заедничка победа, изјави за МИА, актуелниот и ново избран градоначалник на Општина Ресен, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јован Тозиевски.
Благодарам и за поддршката на кандидатите за советници бидејќи според нашиот аналитички центар во наредниот период ќе имаме мнозинство во Советот на Општина Ресен, истакна Тозиевски и додаде дека веднаш ќе продолжат со тековните и нови проекти значајни за Преспа. мт/ир
Фото: ВМРО-ДПМНЕ