• понеделник, 23 декември 2024

Тодоров: Митко Јанчев единствено води грижа за неговите лични бизнис-интереси

Тодоров: Митко Јанчев единствено води грижа за неговите лични бизнис-интереси
Кавадарци, 12 октомври 2021 (МИА) - Гледаме сите како работел градоначалникот во заминување Митко Јанчев. Гледаме сите дека Митко Јанчев единствено води грижа за неговите лични бизнис-интереси. Гледаме како Митко Јанчев ја злоупотребувал својата позиција на градоначалник и си вцртал маркица за изградба на бензинска пумпа во просторот на неговата компанија, истакна на денешната прес-конференција Горан Тодоров, кандидат за градоначалник на Кавадарци, од редовите на СДСМ и коалицијата. Покрај ова, тој рече дека сакаат да го прашаат Јанчев уште нешто. - Дали е точно дека од позиција на градоначалник сте купиле земјоделско земјиште? Дали е точно господине Јанчев, дека сега од позиција на градоначалник правите промена на детален урбанистички план за промена на земјиштето од земјоделско во градежно?, праша Тодоров. Со самото тоа, додаде, се зголемува вредноста на тоа земјиште десеткратно. - Дали е точно господине Јанчев, дека таму планирате изградба на елитна населба во ваша сопственост? Дали господине Јанчев како градоначалник, ја злоупотребувате вашата позиција за ширење на вашата бизнис империја? Вака ли се грижите господине Јанчев за кавадарчани? Наместо да работите во интерес на сите граѓани, вие работите единствено за ваш личен бизнис интерес. На 17 октомври господине Јанчев доаѓа вашиот крај. На 17 октомври на ова самоволие, злоупотреба на јавната функција му ставаме крај, нагласи Тодоров. свд/мс/  

Остани поврзан